Ќе фрчат инспекции поради нереалното покачување на цените

t

Инспекциските служби ќе контролираат дали зголемувањето на цените што се случува изминативе денови е реално или не. Од Владата велат дека одредени компании се однесуваат некоректно и неетички во однос на зголемувањето на цените и дека е нелогично зголемувањето на цените за над 20 отсто.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера изјави дека со особено внимание се следи се она што се случува изминатите три дена на слободниот пазар и дека набргу очекува извештај од инспекциските служби.

– Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално кон зголемувањето на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена, за 24 часа може да порасне за 20 отсто, кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација којашто ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби, изјави Битиќи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денес нема гарантирани минимални цени во…

Од денес нема да важи мерката за…

Нема да се јадат само макарони: Владата…

Од идната недела граѓаните може да очекуваат…

Сто артикли поскапеа за еден ден

24 Вести објави дека за еден ден направени…

Бектеши најавува намалување на цените: Од утре…

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од…

Ќе фрчат инспекции поради нереалното покачување на…

Инспекциските служби ќе контролираат дали зголемувањето на…