Ќулавкова за “мајчиниот јазик” наместо македонски: . Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на цела територија на Македоија

t

Академик Катица Ќулавкова реагира на релативизирањето на употребата на терминот “мајчин јазик” со кој се заменува терминот “македонски јазик” во образовните програми.

– “Мојата реплика по повод деградацијата на македонскиот јазик како „мајчин“, а знаеме дека е државен јазик на Р Македонија и со тоа задолжителен за сите ученици и граѓани на државата:

Сите нешта, промена на називи, исфрлање на „придавката“ македонски како начин да се идентифицираат јазикот, народот, нацијата, книжевноста, институцијата и сл., го формираат своето значење во зависност од контекстот, историската констелација, политичката констелација, регионалните стандарди и т.н., така што сведувањето на македонскиот јазик на “мајчин”, во денешни услови, кога се оспорува како автономен јазичен систем и се заговара тезата дека е дијалект на бугарскиот, кога т.н. Бугари во Македоднија бараат да учат на нивниот мајчин бугарски јазик, кога има неколку јазици на малцинствата кои се изучуваат, и тоа како е важно да се сочува називот на предметот македонски јазик и книжевност и истиот да биде задолжителен за сите државјани и ученици во Македонија, оти е по Устав државен јазик. А нека има во основно образование и настава по избор на одреден мајчин јазик на малцинските заедници. Со вакви политички импровизации македонскиот веќе не врши улога на државен јазик на територијата на цела Република Македонија! Кој го прави тој упад во Уставот на Републиката?

И ве молам сите вие што ги релативизирате основните карактеристики на македонската нација и култура, да не пишувате на моите постови реплики, пишувајте си ги на вашите. Не се добредојдени.”, напиша академик Ќулавкова на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Катица Јанева ни честиташе Нова Година…

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците…

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…

Колумна на Ќулавкова: Северна Македонија е парабола…

Уставот на секоја држава е по правило…

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…