Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи

t

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.

Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите.

Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.

– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност…

Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смиреност…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Зеленски ѝ одговори на Ле Пен: Придонесуваме…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на најавата…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…