Џабе се залета: Никој не му кажал на неискусниот министер за правда дека Унгарија под ниедна околност не може да изврши екстрадиција на Груевски

t

Новиот министер за правда Лога веднаш на самиот почеток го покажа своето неискуство во ресорот, но и желба за докажување пред јавноста особено кога станува збор за Никола Груевски.

Тој објави дека со ново писмо за барање екстрадиција ќе го екстрадирал поранешниот македонски премиер Никола Груевски назад во Македонија, па уште и објавил каде ќе го сместел во притворските т.н. хашки ќелии во затворот Скопје, а судот во Унгарија тоа ќе го уважел, бидејќи истите биле градени во времето кога премиер е токму Груевски.

Претпоставуваме дека поискусните вработени во Министерството за правда немале храброст или време со обзир дека е новодојден да му соопштат на забрефтаниот нов министер дека законите на Република Унгарија не дозволуваат под ниедна околност да се изврши екстрадиција на личност која има статус на азил, а Груевски токму таков статус доби од унгарските институции уште во ноември 2018 година.

Владата на Заев еднаш веќе се залета и во 2019 година побара екстрадиција за Груевски. Кренаа висока помпа дека прашање на месеци и недели е кога Груевски ќе биде екстрадиран назад во земјата и на крајот добија “корпа” со објаснување на европските закони вклучително и Законот во Унгарија.

За време на кратката формална судската расправа самиот државен обвинител тогаш пред судијата кажа дека е свесен дека законите на Република Унгарија не дозволуваат екстрадиција на лице кое има статус на азил, но бидејќи прв пат е поднесено барањето биле должни да го изнесат пред судот.

Со други зборови државниот обвинител сакаше да каже дека тој си ги знае законите и дека не би излегол пред судот со предмет кој однапред знае дека неможе да го добие заради законски пречки, но дека македонските власти се оние кои не го знаат тоа и токму затоа го направил тој чекор за да ја задоволи процедурата.

Така расправата за кратко заврши и барањето за екстрадиција беше отфрлено од судот во Будимпешта.

Потоа се сменија неколку министри за правда во Македонија и ниту еден и покрај најавите не поднесе ново барање за екстрадиција затоа што однапред го знаат исходот и веројатно несакаа тоа да се смета за нова победа на Груевски над актуелната власт, па затоа не поднесоа ново барање за негова екстрадиција.

Ова значи дека целосно неважно е во кој затвор и во кои ќелии новиот министер би сакал да го смести Груевски.
Ниту пак колку нови кривични дела ќе му смислат и што тој мисли за него.
Дали се 9 или 99 кривични дела за судот во Будимпешта е целосно незначајно бидејќи Законот е краток и јасен: нема екстрадиција за лице кое институциите на таа држава му доделиле статус на азил.

Едноставно Груевски го штитат законите на Република Унгарија, земја членка на ЕУ.

Ист таков закон има во секоја земја членка на ЕУ: лице на кое државата дава азил, уште повеќе и политички азил како во случајот, непостои ниту најмала законска можност да биде екстрадирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Унгарија нема намера да ги прекине…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Сијарто: Унгарија никогаш нема да испрати војници…

Унгарија никогаш нема да испрати војници и…

Орбан: Ќе бараат од нас да одиме…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, гостин во Радио…

Орбан: Мора да го окупираме Брисел

Европејците се плашат дека Брисел ќе им…

ЕП ќе ја тужи ЕК поради тоа…

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија…