Објавено на:

Џамбаски до Македонците: Ако вечерва го смените Уставот, утре ќе почнете преговори со ЕУ

t

Претпоставувам дека премиерот ќе продолжи да бара начини како да ја заобиколи бугарската позиција и со тоа да дозволи РМ да започне преговори со ЕУ, вака смета копретседателот на ВМРО-БНД и бугарски европратеник Ангел Џамбаски.

Тој смета дека во последните недели притисокот врз Бугарија за деблокада станал опиплив.

-Видовте дека комесарот Вархеи дојде и рече дека се согласиле да го сменат ставот на Бугарија за само неколку дена. Би било добро да го посетиме Скопје и да видиме како се почитуваат човековите права таму на македонските граѓани со бугарска национална самосвест, вели Џамбаски во изјава за „БНТ“.

Европратеникот смета дека тврдењето дека Македонија треба да започне преговори со ЕУ поради војната во Украина е апсурдно.

-Македонија е дел од НАТО и таа е заштитена. Ако некој оди да ја нападне, секој мора да ја заштити. Македонизмот во суштина е изграден да биде антибугарски. Бугарскиот интерес бара заштита на бугарската историја, потекло, меморија и култура, македонските граѓани со бугарска самосвест и нашето достоинство како народ. Не ме интересира ниту американската ниту руската дипломатија, нагласил Џамбаски.

-Нема проблем Македонија утре да ги почне преговорите, се додека вечерва го свика Собранието и го промени уставот, додава тој.

-Тие престануваат со говорот на омраза, ни ги покажуваат коригираните учебници. Тие не направија ништо намерно, туку сакаат Западните да вршат притисок врз Бугарија. Ние бевме тие што го спречија ова, изјавил тој.

Според копретседавачот на бугарската ВМРО, ова не е само спор меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку спор меѓу ЕУ и земја кандидат.

-Има нешто што се вика „Копенхашки критериуми“, тоа се условите што треба да ги исполни една земја за да биде кандидат за членство. Еден од нејзините услови е да нема отворени прашања на ниво на национални заедници. Во Македонија , очигледно има такво нешто, оценил Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово губи 400 милиони евра поради санкциите…

Пратеничката на Демократската партија, Аријана Мусљиу-Соши, истакна…

Хрватски европратеник ја подбра Фон дер Лајен:…

Хрватскиот европратеник Мислав Колакушиќ и одржа вистинска лекција на…

Приемот на Украима во ЕУ ќе чини…

Приемот на Украина во Европската унија би…

Медведев со честитка до ЕУ: Благодариме што…

Рускиот бруто домашен производ (БДП) расте, додека…

Каевски: Мицкоски призна, со ДПМНЕ нема членство…

„Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака…