Џафери “ги пеел” лидерите на политичките партии: Пратениците да овозможат непречена работа на Собранието инаку ќе има санкции

t

Собранискиот спикер Талат Џафери денеска по 79. собраниска седницата, која ја прекина поради немање кворум, одржа средба со дел од лидерите на политичките партии од владејачкото мнозинство.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат.

– Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот којшто им е доверен од граѓаните, рече Џафери.

Џафери најавил и санкции, односно кажал дека е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Нагласил и дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес ќе се знае редоследот на листата…

Државната изборна комисија денеска се очекува да…

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80%…

Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ…

Конечните листи за пратеници на СДСМ ќе…

На конгрес во сабота СДСМ ќе ги…

СДСМ за две недели ќе ги објави…

СДСМ вечерва за време на 27 Конгрес…

Бомба на Стојанов: Пратеници и функционери на…

Бугаринот Виктор Стојанов на Фејсбук објави фотографии…