Џафери: Измена на Уставот најдоцна во првите месеци од следната година
Постапката за измена на Уставот би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени. Оваа постапка би требало да заврши до крајот на скринингот што е планиран за ноември 2023 година, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.
За тоа што ќе се менува со уставните измени и дали само Бугарите и/или припадници на други етнички заедници ќе бидат вметнати во Уставот, Џафери вели дека ќе зависи од она што ќе содржи одлуката за менување на Уставот што треба да биде доставена до Собранието. На лидерската и засега се изнесени само размилувања за други прашања кои би можеле да бидат основа за други уставни измени. Сѐ зависи, вели Џафери, што ќе содржи одлуката за почеток на постапката за менување на Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…
НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…
Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…
Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…
На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…
Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…
Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…