Џафери посакува да им заврши кариерта на министрите од ДУИ

t

Муса Џафери во емисијата „200“ на Алсат рече дека во интерес на ДУИ и на Албанците ќе биде владиниот кабинет на ДУИ да „повторат година“. Според него, министрите на ДУИ во Владата, предводени од првиот вицепремиер Артан Груби не покажале резултати.

„Јас сам бев министер и ако повтори оваа генерација, тоа ќе биде предност и за ДУИ и за Албанците затоа што не сакаат да се конфронтираат за да имаат позитивна конкуренција, туку го слушнаа првиот што ги насочил со стап“, рече Муса Џафери, ДУИ.

Мислите на г. Груби?

„Да“.

Џафери изрази убедување дека на 29 октомври во рамките на отчетноста во ДУИ некои министри може да ја завршат политичката кариера.

„Треба да има, не е многу трагично. Сите ние што сме избрани за министри сме сменети во различни ситуации, тоа е многу практично и здраво. Тие што мислат дека може да им биде направена неправда, се создало мислење дека не е успешен и не го сакаат гласачите и структурите, може да работи за партијата и да се врати. Не знам зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега“, вели Џафери.

Џафери дури ги критикуваше своите сопартијци за неправедно присвојување на заслугите, како што е членството во НАТО, додека практичните работи ги оставиле незавршени.

„Што прават овие министри? Да немаме илузии дека министрите од ДУИ ја ставиле Македонија во НАТО. Не сме во 1948 или во педесеттите години и да се залажуваме дека нашето влијание наводно ги убедило Макрон и бугарската влада за договор. За среќа, се направи, но имаме и практична работа“, вели Џафери.

На критиките на Џафер одговори само министерот за економија Крешник Бектеши кој рече дека на состанокот на Централното претседателство се ќе се каже за успесите и неуспесите на министрите на ДУИ.

„Што се однесува до извештајот и за тоа што се случило за реализацијата на капиталните инвестиции, за тоа ќе се реферира на Централното раководство и секојдневно секој функционер на ДУИ ја информира јавноста колку се реализирани инвестициите во различни области”, рече Бектеши.

Ниту еден од другите министри од ДУИ, вклучително и првиот вицепремиер, не ги коментираше критиките и обвинувањата на Џафери кој смета дека се причина за поразот на ДУИ во Тетово, покрај несредувањето на градскиот стадион и градската болница. Џафери во својство на член на Надзорниот совет на ДУИ го истакна неспроведувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик во владините комисии и доцнењето со изградбата на автопатот Кичево-Охрид. За обвинувањата на „Огнената група“ против Груби и тврдењата дека тој може да го заземе местото на Али Ахмети, Џафери рече дека тој никогаш нема да му дозволи такво нешто на првиот вицепремиер.

“Не може Артан Груби да го брани местото на Али Ахмети ако се обидува некој да го заземе, најмалку тој може да биде заштита – за ова немам никаква дилема“, вели Муса Џафери.

Извор: АЛСАТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…