Џафери потресен по средбата со Зеленски: Денес се чувствувам како Украинец, онемен и бесен
И покрај тоа што сум војник и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот, онемен сум и бесен, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, при средбата со украинскиот државен врв, меѓу кои беа и претседателот Володомир Зеленски и првиот човек на Врховната рада, Руслан Стефанчук.
Џафери на состанокот посочил дека е растревожен од бројот на гробови кои не ги догледува човековото око, иако, како што кажа, видел само дел во Буча и Ирпин.
„Бесен сум на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за којашто верувавме дека е дел од историјата. Бесен сум што светот нема доволно силен глас да ѝ каже стоп на оваа безумна инвазија. Во чест на загубените животи се обврзуваме да ви помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното“, нагласи претседателот на македонското Собрание.
Џафери лично се обврзал за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина.
Тој зборуваше и за мерките кои Македонија ги презела против руската агресија во Украина, нагласувајќи дека државата ја поддржала одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа и се приклучила кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација, иако не е членка на ЕУ.
„Овој акт на агресија уште еднаш потврди колку е значајно проширувањето на Европската Унија за безбедноста, стабилноста и демократската консолидација на Европа. Благодарност до сите борци за слобода во Украина што во воени услови ни овозможија безбедно да допатуваме во Украина и што го делат лебот со нас“, посочи Џафери на средбата на која нагласи дека денеска се почувствувал како Украинец.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…