Џафери со најголема од 166.000 денари, Пендаровски втор со 165.000 денари: Еве колку изнесуваат новите плати на функционерите
По одлуката на Уставниот суд, функционерите ќе земаат и по 1.000 евра повисоки плати, а најголемото покачување овој месец ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, спикерот Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.
-Според новите пресметки, со зголемувањето, собранискиот спикер ќе биде политичарот со највисока плата од 166.000 денари, 1500 денари повеќе од шефот на државата поради минат труд. Месечната плата на премиерот Ковачевски ќе изнесува 156.000 денари или повеќе од 2.500 евра. На сметките на вицепремиерите, пак, ќе легнат суми од 122.000 до 129.000 денари, анализира Канал 5.
За отприлика иста сума се зголемуваат и платите на пратениците кои сега ќе земаат покачена плата и патни трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расправа за намалување на платите на функционерите…
Собранието денеска треба да ја одржи својата…
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намалува функционерските плати за…
Од 10.000 до 13.000 денари ќе се…
Трендафилов: Намалувањето на функционерските плати кое ССМ…
*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ,…
Дурмиши: Нема да ги зголемиме платите на…
Владата ќе го поддржи секој предлог што…
ССМ: Бараме раст на платите веднаш!
На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…