Џафери ја напушти седницата – Огнените ставени на високи партиски позиции: Заврши состанокот на ДУИ!
Заврши состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово, на кој присуствуваа и претставници на таканаречената „огнена група”, чии членови беа поставени на високи партиски функции. Состанокот го водеше претседателот на партијата, Али Ахмети.
За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организациски секретар, Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери за секретар за еднакви можности.
Во Централниот совет ќе бидат Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.
На средбата, Талат Џафери побара да се додадат уште 11 членови, но на овој предлог веднаш му се спротивстави Муса Џафери. Предлогот на Џафери не беше прифатен, бидејќи мнозинството гласаше против, по што тој го напушти состанокот.
Претседателот Ахмети за членови на Надзорниот совет на ДУИ ги предложи Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…
ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…