Џафери – Џоана: Македонија е фактор на стабилност во регионот

t

Премиерот Талат Џафери и заменик- генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана во рамки на работната посета на седиштето на НАТО во Брисел, одржаа заедничка средба. На средбата беше потенцирана улогата на Македонија како фактор на стабилност во регионот.

На средбата се разговараше за безбедноста и стабилноста на регионот, но и за глобалната безбедност и актуелни случувања во Украина и на Блискиот Исток.

Премиерот Џафери ја истакна посветеноста на Македонија кон одржувањето на стабилноста и безбедноста во Евро-Атлантската област, како една од поновите членки, не само како влијателен фактор на стабилност на Западен Балкан, туку и со активното учество во мисиите на НАТО во Косово, Ирак, ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина и во борбените групи на НАТО во Летонија, Романија и Бугарија.

Во склад со заложбата за инвестиции во одбраната и согласно одлуката од НАТО од Самитот во Вилнус, Македонија од оваа година издвојува најмалку 2% од БДП за буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата.

Со тоа Македонија е помеѓу НАТО членките кои ја достигнаа заложбата, што е основа за ефективна имплементација на најробусниот план за одбрана на НАТО. Дополнително, Македонија продолжува со силна поддршка за Украина во нејзината борба за слобода и мир на украинскиот народ, а против ужасите кои руската воена агресија се уште ги предизвикува на територијата во Украина.

На средбата се разговараше и за претстојната 75 годишнина од Алијансата. Во годината која донесе најголем предизвик за Алијансата од нејзиното основање, НАТО се прошири со уште една членка – Финска, а наскоро со уште една членка – Шведска, правејќи ја Алијансата пообединета и посилна од кога било.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

Шефот на финската армија: Европа треба да…

Новиот шеф на вооружените сили на Финска,…

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Состанок на министрите за одбрана на НАТО…

Воениот комитет на НАТО на ниво на…