Објавено на:

Џеј Ди Венс е подготвен да го замени Трамп ако нешто му се случи

t

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека е подготвен да ја преземе претседателската функција во случај нешто да му се случи на американскиот претседател Доналд Трамп, но тој е уверен дека претседателот Трамп ќе го отслужи својот мандат и додаде дека и покрај неодамнешните прашања за физичката состојба на Трамп, претседателот е во добра здравствена состојба.

Тој има неверојатна енергија. Иако повеќето луѓе што работат околу претседателот на САД се помлади од него, тој е всушност последната личност што заспива, последната личност што ги прекинува телефонските повици навечер и е првата личност што се буди и првата личност што се јавува наутро, рече Венс во интервју за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Но, како што нагласи се случуваат ужасни трагедии и ако тоа се случи тој не може да замисли подобра обука на работното место од она што го добил во последните 200 дена.

Ванс го даде интервјуто откако во јавноста се појавија прашања за здравјето на Трамп поттикнати од видливи модринки на неговите раце кои, се чини, се покриени со лошо нанесена шминка.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, тврди дека модринките се предизвикани од неуморната работа на Трамп и целодневната употреба на рацете.

Според 25-тиот амандман од Уставот на САД, потпретседателот ги презема должностите на претседателот ако тој почине, поднесе оставка или биде отстранет од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе му дадат 1 милијарда долари…

САД планираат да ѝ доделат на Колумбија…

Трамп го забрани „породилниот туризам“ во САД…

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нови извршни…

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Трамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските…

Трамп: „Неверојатно дволичниот“ Иран молеше за разговори,…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави…