„Џиновите“ одлучија, нешто мора да се случува: Русија и Америка на раб на целосен прекин на однocите
Воведувањето санкции против рускиот претседател лично Владимир Путин може да доведе до целосно прекинување на односите со САД, изјави сенаторот Алексеј Пушков за порталот „Газета“.
Според него, усвојувањето санкции против руското раководство ќе има „екстремно деструктивни последици“.
„Доколку таков закон се донесе, а сепак се имплементира, ќе биде на работ на најсериозно влошување на односите меѓу САД и Русија и, можеби, дури и нивно прекинување“, рече Пушков.
Членот на Советот на Федерацијата заканата од нови санкции ја смета за инструмент кој, како што очекуваат авторите на иницијативата, ќе и даде на Белата куќа „одврзани раце да изврши притисок врз Кремљ“. Според него, со ова Вашингтон може да го поттикне Киев да изврши агресија врз Донбас.
„Таквата поддршка од Вашингтон е еден вид алиби за Украина“, заклучи сенаторот.
Вчера група од 25 членови на американскиот Сенат од Демократската партија, предводена од претседателот на Комитетот за надворешни работи, Роберт Менендез, го претставија предлог-законот за нови санкции против Русија и Владимир Путин, кои Вашингтон би можел да ги воведе доколку ситуацијата во Украина ескалира.
Меѓутоа, Русија веќе со месеци повторува дека нема намера воено да се меша во ситуацијата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…