13-годишно дете заврши со изгореници во болница, настанал пожар додека готвел
Тринаесетгодишник е пренесен во болница со изгореници и поради труење од чад, по пожарот што денеска избувнал во стан во центарот на Скопје.
Од МВР информираа дека „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“.
Според неофицијалните информации, пожарот избувнал во стан каде детето било оставено само.
Додека тоа готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обидот да го изгаси огнот, детето ги земало запалените предмети и ги изнело на терасата, но таму имало алишта кои се сушеле, па се развил густ чад кој ги вознемири станарите во околните згради.
Детето успеало навреме да излезе надвор од објектот и веднаш потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…