16-годишник фатен во Виена како подготвува теpopистички напад над синагога
Полицијата извршила претрес во неговиот дом и запленила неколку уреди за складирање податоци, пронајдени се фотографии и видео материјал со инструкции за изработка на бомби, оружје и муниција.
Австриската полиција уапсила 16-годишно момче за наводно планирање напад на синагога во Виена, изјави највисокиот австриски функционер за безбедност.
-Тинејџерот напиша на Интернет дека планира да земе оружје и да ја нападне синагогата – соопштил Герхард Карнер, пренесува Скај Њуз.
Официјалните лица не го идентификуваа уапсениот малолетник, но рекоа дека тој живеел во близина на Штајр, во северна Австрија. Полицијата извршила претрес во неговиот дом и запленила неколку уреди за складирање податоци. При претресот пронајдени се фотографии и видео материјал со инструкции за изработка на бомби, оружје и муниција.
Австриските власти ја зајакнаа безбедноста на синагогите и другите еврејски и израелски институции поради порастот на антисемитските инциденти по конфликтот меѓу Израел и Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски…
Европските градови и годинава доминираат на листата…
Охрид од денеска со директна авионска линија…
Охридскиот аеродром од денеска добива нова авионска…
Пијан тинејџер со автомобилот се забил во…
Тинејџер од Ресен возел под дејство на…
АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…
Уште еден обид за палење на синагога…
Извршен е уште еден обид за палење…