18 возачи лишени од слобода за едно деноноќие, половина од нив возеле пијани

t

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 18 возачи поради сторени прекршоци од областа на сообраќајот, односно за „безобѕирно управување со возило“.

Од нив, девет возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа во Штип, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Куманово и Неготино. Кај возач од Куманово биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта, при што тој агресивно се однесувал кон полициските службеници. Возач од Демир Хисар, кај кого биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода.

Седум возачи управувале возило без положен возачки испит, и тоа од Куманово, Скопје, Битола, Гостивар и Општина Чашка. Меѓу нив биле и двајца малолетници, од кои едниот управувал патничко возило, а другиот мотоцикл.

Во истиот период, полициски службеници сопреле и двајца возачи, од Куманово и Скопје, кои управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило.

По целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесното и неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се однесуваат одговорно и целосно да ги почитуваат изречените мерки, што е од особено значење за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18 возачи лишени од слобода за едно…

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…

(Видео) Се преврте патнички брод кај Кипар…

Патнички брод на компанијата „Filo Jet“ со…

Ангелов: Кај пожарот на Пелистер е повреден…

Пожарот што избувна од преспанската страна и…

Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во…

Албанија од новата учебна 2026/2027 година воведува…

ЗНАМ: Во Македонија нема место за глорификација…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро…