20 деца пријавиле врсничко насилство во МОН

t

Во Министерството за образование и наука (МОН) веќе има 20 пријави за врсничко насилство, соопштија надлежните.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори.

Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите [email protected] и [email protected].

По масакрот во Белград, каде ученик уби деветмина и повреди седум луѓе, македонските власти најавија серија мерки за спречување на насилството во училиштата.

Во полиција вчера беше пријавен случај каде ученици во Скопје составувале список, а денеска тоа се случило и во Тетово. Деца на возраст од 11 години составиле список со имиња на нивни соученици и закани и го оставиле во тоалетот, по што се повикани во полиција со родителите.

Повеќе за тоа на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…