20-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Христо Татарчев“
Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.
– На 23.09.2026 околу 11:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(65) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(20) од село Сопиште, скопско, соопшти МВР.
Во несреќата, според полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. „Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
20-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на…
Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа…
ПО ТРИНЕДЕЛНА БОРБА ПОЧИНА 13-ГОДИШНИОТ ИЗБОДЕН ВО…
Три недели лекарите се бореa за животот…
16-годишно момче возело кола и се судрило…
Момче на возраст од 16 години е…
Германска државјанка пронајдена почината во хотел во…
МВР информира дека доцна синоќа во 23.40…
Унгарец се обиде во две торби да…
Спречен обид за нелегално внесување на непријавени…