Објавено на:

220 илјади евакуирани од југозападна Франција не смее да се вратат дома додека беснее пожарот

t

На околу 220 илјади луѓе кои беа принудени да се евакуираат од регионот Жиронд во југозападна Франција поради беснеење на шумскиот пожар, нема да им биде дозволено да се вратат дома сè додека пожарот не се стави под контрола, изјави денеска Софи Брокас, највисокиот претставник на регионот. Таа додаде дека во вторник се очекува повторен пораст на температурите, што би можело да ја влоши ситуацијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон во утре во 11 часот ќе претседава со состанок на кризниот кабинет за да разговара за шумските пожари што пустошат во неколку области во југозападна Франција, соопшти неговиот кабинет.

Огромниот шумски пожар во југозападна Франција создаде исклучително опасен „пирокумулонимбус“ – феномен што досега не е виден во земјата, изјави за АФП портпаролот на Националната федерација на пожарникари на Франција (FNSPF).

Оваа облачна формација настанува кога силните шумски пожари го загреваат воздухот близу до земјата, предизвикувајќи тој брзо да се издигне и да прерасне во „огнен облак“, кој потоа создава сопствен ветер и може дополнително да ги разгори пожарите. Ако достигне големи димензии, може дури и да предизвика молњи. Овој феномен се јавува и за време на вулкански ерупции.

НАСА ги нарекува „облачни змејови што блујат оган“.

„Не знаеме како ќе се шири пожарот; огнениот фронт постојано се менува. Не можеме директно да се бориме со него. Тоа е сценарио како во битката меѓу Давид и Голијат“, изјави портпаролот на FNSPF, потполковник Ерик Брокарди додавајќи дека спас може да дојде или од небото во форма на дожд, иако би требало да врне обилно три дена, или преку пронаоѓање начин пожарот да се насочи кон место каде што сам ќе згасне. На пример, кон морето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен во комотно водство пред…

Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Франција со сериозно предупредување до Европа: „Ова…

Генералната директорка на француската Генерална управа за…

Автомобил влета во луѓе на железничка станица…

Еден човек загина, а најмалку десет се…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…