24 високи функционери од ЕУ бараат од Фон дер Лајен да ги истражи наводите за изборна измама во Србија
Повеќе од 20 високи функционери за надворешна политика на ЕУ ја повикаа претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен да ги истражи наводите за измама на изборите одржани во Србија на 17 декември, еден ден по дискусијата на која тоа го побараа и одредени европратеници, пишува порталот Политико.
Европратениците побараа меѓународна истрага за „изборна измама во Србија“, а некои од нив ги повикаа земјите-членки на Европската унија да не ги прифаќаат резултатите од изборите, чии нерегуларности беа посочени од меѓународните набљудувачи и дел од српската опозиција.
„Ја повикуваме ЕУ да спроведе независна истрага за сите пријавени изборни нерегуларности и наводи за измама“, напишаа политичари во писмото во кој имаше увид Политико, испратено вклучително и до Фон дер Лајен, претседателот на ЕС, Шарл Мишел и претседателката на ЕП,Роберта Мецола.
Порталот потсетува дека „нелибералниот претседател на Србија, Александар Вучиќ“ ја консолидираше својата власт со прогласување победа на декемвриските избори, што поттикна десетици илјади луѓе да бараат поништување на изборите на улични протести во Белград, за кои водечките опозицискиот блок на левичарската коалиција „Србија против насилството“ тврди дека се украдени со бројни злоупотреби и манипулации.
Повикот до лидерите на ЕУ го упатија 24 потписници на писмото, вклучувајќи го и претседателот на комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Михаел Рот и неговиот француски колега Жан-Луј Бурланж, барајќи независна истрага за наводите за измама и препораки за да се обезбеди слободни и фер избори во Србија.
Потписниците претежно претседаваат со комисиите за надворешни или европски прашања во нивните национални парламенти и доаѓаат од цела ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Италија, Данска и Луксембург, но и Украина, Молдавија и Велика Бритаија.
„Во зависност од наодите на истрагата“, велат тие, можеби ќе бидат потребни нови избори во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…