25 години од Охридскиот рамковен договор – документ што ја промени Македонија

t

Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ со кој на 13 август 2001 година беше поставена основата за политичко решавање на вооружената криза во Македонија.

Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, како и од лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери (ПДП).

На церемонијата присуствуваа и високи меѓународни претставници кои активно учествуваа во преговорите за надминување на кризата.

Охридскиот рамковен договор предвиде серија политички, институционални и уставни реформи, со акцент на поголемо учество на заедниците во јавниот живот, подобрување на нивните права и реформирање на државните институции.

Потпишувањето на договорот следуваше по повеќемесечна вооружена криза и интензивни преговори меѓу домашните политички лидери и меѓународната заедница. Со неговото усвојување започна процесот на имплементација преку уставни измени и донесување нови законски решенија.

Четврт век подоцна, 13 август останува еден од најзначајните датуми во поновата политичка историја на Македонија. Иако и денес постојат различни ставови околу неговото спроведување и последиците, Охридскиот рамковен договор останува еден од клучните документи што го обликуваа развојот на државата по нејзиното осамостојување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено и казнето лицето кое фрлаше вреќи…

Општина Дебар информира дека лицето кое фрлаше…

Kaматите на Американските обврзници на чекор од…

На светските финансиски пазари се приближува граница…

Над 615.000 автомобили во Македонија: Дизел-возилата остануваат…

Бројот на патнички автомобили во земјата само…

Меркел им порача на Германците дека „нема…

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, синоќа ги…

Трамп двапати одбил да ги нападне Хутите,…

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман двапати телефонски…