250 луѓе се згрижени во градската спортска сала во Кичево, граѓаните сами ја исфрлаат водата од домовите
По новото излевање на Зајаска Река во Кичево, предизвикано од поројните дождови, повеќе од 60 семејства повторно се соочија со губење на домот – вторпат во изминатиот месец. Додека трае санацијата на штетите, околу 250 луѓе од 63 домаќинства се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Условите за престој во салата засега не овозможуваат соодветно одржување на лична хигиена бидејќи евакуираните немаат пристап до тушеви и до основни санитарни услови.
Градоначалникот Александар Јовановски соопшти дека до крајот на денот ќе биде најдено решение за подобрување на условите, со посебен акцент на хигиенските потреби на сместените луѓе.
Сè уште не се знае колку долго погодените граѓани ќе мора да останат во привременото сместување. При претходниот бран поплави тие таму поминале околу една недела, но овој пат надлежните проценуваат дека престојот може да се продолжи и до две недели поради обемот на штетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Силна бура и поплави го погодија Чиле
Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…