27 годишник со автомобил yдpил коњ, сопатникот со тешkи пoвpeди зaвршил во бoлницa

t

Гостиварец се задобил со тешки повреди откако возилото со кое возел налетало на коњ, што слободно се движел по коловоз.

Според СВР Тетово, ноќеска (29 декември), половина час по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (27) удрило во животно. Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М.(48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била прижена во гостиварската болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Годинава, по гостиварските сообраќајници имало 16 несреќи предизвикани од животни. Од нив најмногу, десет биле со кучиња, две со коњи. Возачите имале и блиски средби со дива свиња, јазовец, срна и една овца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната…

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на…