30 од 60 кумановци имаат оштетен црн дроб

t

Од 60 прегледани граѓани во мобилната амбуланта за бесплатни скрининг прегледи на црн дроб во Куманово, 30 имале проблеми со црниот дроб, објави Куманово њуз.

Во тек е кампања за бесплатни скрининг прегледи на црниот дроб и анонимен тест за хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за проценка на црниот дроб, која се организира по повод одбележување на Светскиот ден на црниот дроб.

– Дури половина од прегледаните граѓани имаа знаци за оштетување на црниот дроб. Ова е доста алармантно. Тоа не значи дека сите имаат инфекција, туку дека имаат лош начин на живот, лоша исхрана, користење на многу лекови, пиење алкохол – изјави директорот на Општа болница Куманово, д-р Стефан Трајановски.

Национална кампања за скрининг на црн дроб се одвива во 10 града. Во Скопје беа откриени 10 лица со проблеми кои беа упатени на натамошни испитувања.

Кампањата ја организираат Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.

Следни за преглед се на 5 август Струга (Градски плоштад) од 09:00 – 11:00 часот, Охрид (Градски Плоштад) од 17:30 – 19:30 часот, и на 06.08.2024 – Битола (Градски плоштад) 09:00 – 11:00 и Кавадарци (Градски Плоштад) од 17:30 – 19:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…

Нов случај на затруено дете во Куманово,…

Уште еден нов случај на затруено дете…