31-годишен скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа на пат кон Тетово

t

Вчера околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од Скопје за Тетово, кај с. Буковиќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Р.(31) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(57) од Скопје.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „фиат пунто“ Л.Р., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

Додека, возачот на возилото „голф“, Б.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…

Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина…

Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за…