Објавено на:

43 посто помалку Македонци во Пустец

t

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите.

– Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5 илјади на над 1880.

Пустец е меѓу 55 општини во Албанија каде е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот “Монитор”. Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48%, Пук со 44%, Пустец и Рогожина со 43%.

Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата.

– Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа  Дропул за 135%, Химара со 45% ,  Саранда со 11%. Во Тирана бројот е повисок за  7,3%, наведува “Монитор”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тирана реагира зошто не се интонирала и…

Министерството за Европа и надворешни работи на…

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…

Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…

(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…