Градоначалниците на СДСМ и ДУИ камен на камен не ставија откако се избрани
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека градоначалниците на СДСМ и ДУИ не направиле ништо по добивањето на мандатот на локалните избори.
Еве го партиското соопштение:
“Градоначалниците на ДУИ и СДСМ камен на камен немаат ставено. Поминаа локалните избори, поминаа и 100 дена, а градоначалниците од ДУИ и СДСМ ништо не работат.
Во Кичево градоначалникот на СДСМ и ДУИ ветуваше изградба на улицата Борис Кидриќ од болницата до обиколница Скопје-Охрид до крајот на 2021 –ва и ништо не направи. Си постави рок дека ќе ја заврши и улица „Ужичка“ до крајот на 2021-ва и како што поминаа изборите, така ја остави целата раскопана. Останаа нечепнати ниту проектите за изградба на патот кој ги поврзува селата Грешница и Длапкин Дол и реконструкцијата на градскиот плоштад, на кои после изборите нема никакви активности.
Во Крушево пак, градоначалникот Томе Христоски ветуваше брда и долини, ама по завршувањето на изборите до сега нема со прст мрднато. Не постави подземни контејнери, ниту пак набави камион за отпад , ниту има контејнери во населените места. Не е отпочната долгонајавуваната доградба на инфраструктурата и проширување на индустриската зона Опаленик. За жал, не е отпочнат ниту проектот за зафаќање на нови извори за водоснабдување на Крушево, како и проектот за Систем за далечинска контрола и мониторинг на потрошувачката на вода за пиење.
Дека нема никакви активности на градоначалниците на ДУИ и СДСМ пример е и општина Дебар. Таму ДУИ и СДСМ ветуваа паркинг во Горно Косоврасти и асфалтирање на пат во село Отишани. Ниту е почната изградба, ниту пак некој слушнал за некакви активности. И тоа што го почнаа го оставија на половина, како што е изградбата на локалниот пат од мостот на влезот до центарот на село Долно Косоврасти. Очигледно дека на СДСМ и ДУИ им беше битно да поминат изборите и после сите ветувања ги оставија само на хартија.
Ете така функционира мафијашката власт на ДУИ и СДСМ. Ветувањата им се лажни и остануваат само мртво слово на хартија.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…