60 пијани возачи се казнети за само шест часа во недела вечер
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа, меѓу 22 и 4 часот утрово, им напишала 60 казни на луѓе кои возеле под дејство на алкохол, соопшти МВР.
-При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за пет возачи се поднесени соодветни пријави од Кривичниот законик – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Покрај ова, биле откриени и казнети и 124 други сообраќајни прекршоци.
МВР најавува дека „ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…
Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…
МВР: Лишени од слобода 22 возачи за…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…