МВР воведува брзи тестови за дрога, еден брис од плунка и резултат за 10 минути!

t

Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази (MDMA), седативи и ТХЦ во марихуаната – сите овие типови дроги сообраќајната полиција ќе ги испитува кај возачите со еден кинески брз тест од плунка, кој полициските службеници ќе го имаат во џеб.

Еден тест чини само 218 денари, а нарачани се 10 илјади парчиња што ќе пристигнат во првата половина на август.

Овие кинески тестови имаат точност од 99 проценти и покажуваат резултати брзо, во времетраење од три до 10 минути. Видеоматеријалот во кој се демонстрираат перформансите на тестот откриваат дека за овие тестови не се потребни медицински предзнаења и дека македонската полиција им се приклучува на бројни агенции за спроведување на законот ширум светот, кои со ваков брз евтин скрининг детектираат интоксицирани луѓе зад воланот, објави Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…