Уапсениот за палењето на автомобилот на пратеникот од Прилеп, го искршил телефонот во полициска станица

t

Мажот кој вчера беше уапсен поради сомневања дека има поврзаност со опожарувањето на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, доби осум дневен притвор. Тој во полициска станица не признал вина ниту дека знае нешто поврзано со случајот, дознава „А1он“. Но, во момент кога бил издаден налог за одземање и вештачење на неговиот мобилен телефон, тој го искршил пред полицајците, пренесува А1 ОН.

„Лицето е во притвор, но не за делото поради кое првично беше лишено од слобода. Тој е во притвор спречување на службено лице во вршење на службени дејствија. При распит во полициска станица го скршил телефонскиот уред кој требало да биде одземен за вештачење, со цел утврдување на комуникацијата која ја имал во изминатиот период“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Извор: А1 ОН

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…