61% од републиканците сакаат Доналд Трамп да биде кандидат и по вторпат претседател на САД
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп моментално има поддршка од 61 отсто од републиканските гласачи, во споредба со Рон ДеСантис, главниот ривал од партијата за претседателските избори во 2024 година, кој има 23 отсто од гласовите, според анкетата на „CBS News“ и на Истражувачка агенција YouGov.
Сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот и поранешниот потпретседател Мајк Пенс добија по четири отсто од гласовите, додека кандидатката Ники Хејли има три отсто од довербата на републиканските гласачи, пишува весникот „Хил“.
Кога републиканските гласачи беа прашани што ќе се случи доколку Трамп биде осуден пред федералниот суд, 80 отсто одговориле дека тој дефинитивно треба да биде претседател.
Во анкетата од 9 до 10 јуни учествувале 1.798 луѓе, откако беше објавено дека е покренато федералното обвинение.
Трамп се соочува со 37 точки од обвинението, вклучително и задржување доверливи документи и заговор за попречување на правдата, по напуштањето на Белата куќа, според документите на федералниот суд објавени во петокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
Холандија повлече 86 тони злато од САД…
Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…
Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…