Објавено на:

63-годишник со 2,04 промили алкохол во крвта предизвикал пожар во струмичко село

t

Шеесет и тригодишен жител на струмичкото село Габрово е лишен од слобода откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил на 30 јули околу 22 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото, како предизвикува пожар во дворното место.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а во инцидентот нема повредени лица.

Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а со алкотест било утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

63-годишник со 2,04 промили алкохол во крвта…

Шеесет и тригодишен жител на струмичкото село…

Маж запалил електрични кабли во зграда во…

Четириесет и едногодишен битолчанец е лишен од…

Двајца полицајци суспендирани од работа, тепале притворено…

Двајца полицајци се суспендирани од работа поради…

Забрана за користење вода за пиење од…

Општина Кичево ги извести граѓаните дека е…

САД и Израел планираат копнена блокада на…

САД и Израел разгледуваат можност за воведување…