80 oтсто од Македонците и високи 32 проценти од Албанците се против промена на Уставот

t

На патот кон Европската унија 80 насто од Македонците се против промена на Уставот преку вметнување на бугарското малцинство, кај Албанците тој процент е 32 насто, додека кај другите национални малцинства во земјата негативен став за промени во највисокиот правен акт на земјава имаат 60 насто од испитаниците. Ова го покажало истражувањето на Институтот за демократија. Според Трошански од Институтот, се забележува пад на очекувањата за членство во ЕУ, што е тренд во изминативе три години.

Директорот на германската фондација, Браун, смета дека евроскептицизмот кај македонските граѓани има повеќеслоен карактер. Политичарите треба да се едногласни за постигнување компромис.

За најголеми сојузници се посочени Европската унија со 32 насто, САД со 17, Србија со 10 насто, за Русија и Германија се определиле по 9, додека 7 насто сметаат дека Турција е најдобриот пријател на земјава.

Случувањата во 2022 година во однос на македонскиот пристапен процес имаа одредено негативно влијание врз поддршката на јавноста за членство во ЕУ. Во 2022 година, 64% од населението позитивно би гласале за членство на Северна Македонија во ЕУ, што е еднакво на резултатите од 2019 година, кога имаше најниски вредности за позитивна поддршка во рамките на временскиот период кој е опфатен со истражувањето.

Постои значителен јаз меѓу двете најголеми етнички заедници – етничките Македонци и етничките Албанци во земјата во нивото на поддршка за членство во ЕУ. 57% од етничките Македонци го поддржуваат членството во ЕУ. Значително поголем процент од Албанците (79%) се за членство во ЕУ.

Речиси половина од населението ги посочува опструкциите од соседните земји-членки на ЕУ како главна бариера за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…