93 имотни листови, имот вреден 60 МИЛИОНИ ЕВРА – Еве што има најбогатата партија во Европа во 2016 – Колку ли има сега?
Ако ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година имала имот од 60 милиони евра, колку имот има сега? – прашува во објава на Фејсбук Никола Петров, активист на Левица од Гевгелија.
– ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа според квадратурата која ја поседува како политичка партија. Има 93 имотни листа за партиски седишта низ Македонија во кои имотни листови се впишани 33.238 метри квадратни објекти, земјоделско земјиште и пасишта. Според пазарната вредност, вкупниот имот се проценува на околу 60 милиони евра, додека само новото седиште на партијата во центарот на Скопје вреди околу 40 милиони евра.
После ВМРО-ДПМНЕ најголем имот во Европа поседува Партијата на Центарот во Шведска, чиј имот се цени на околу 53 милиони евра.
Партијата СДУ на Ангела Меркел во Германија поседува имот од 50 милиони евра, Лабуристичката партија во Велика Британија има недвижности во вредност од 9 милиони фунти, додека конзервативната 11 милиони.
Вртоглавиот раст на имотот на ВМРО-ДПМНЕ започнува во 2006-та година, кога и станува носител на власта на чело со Никола Груевски.
Овој извештај за богатството на партијата е од 2016 година. Прашањето е: Колкав имот има партијата сега?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…