Одлична вест за пензионерите: Арсовска го враќа бесплатниот автобуски превоз

t

Одлична вест за пензионерите во Скопје во очи на новата 2022, новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го враќа бесплатниот автобуски превоз.

Како и претходно пензионерите ќе можат бесплатно да го користат градскиот превоз во вторник, петок, сабота и недела и да ги завршуваат своите обрски.

Мерката ќе стапи на сила од 1 јануари, а истата е субвенционирана од буџетот на Град Скопје со субвенција која ќе чини 650 илјади евра.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го укина бесплатниот автобуски превоз минатата година во март наводно поради пандемијата на коронавирусот, но и по олабавувањето на здравствената криза тој никогаш повторно не воведе бесплатен автобуски превоз за пензионерите во Скопје.

Одлуката на Арсовска треба да ја одобри Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одвива оваа среда. Бесплатен превоз и натаму ќе имаат учениците, но и редовните студенти на државните универзитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка сведочи за потегот на возач на…

Возач на автобус на ЈСП со својата…

Распишан е нов тендер за набавка на…

Тендерот за набавка на 100 автобуси за…

Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна…

„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со…

Жицницата на Водно останува затворена додека ЈСП…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели…