Лирман: Преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат

t

Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Макеоднија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече германската министерка за Европа, Ана Лирман на денешната заедничка прес-конференција со министерот Бојан Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатерталните прашања мора да бидат билатерално решени, незвисно од пристапниот процес со ЕУ. Додаде и дека нашата земја и Бугарија активно работат на решение на блокадата.

– Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат, истакна министерката, дополнувајќи дека без борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива.

Министерот Маричиќ претходно нагласи дека Северна Македонија е одлучна за отворените прашања со Бугарија да разговара отворено, искрено и принципиелно.

-Од големо значење за целокупниот преговарачки процес ќе бвиде и ЕУ да даде свој придонес со кој ќе покаже дека се уште е жива агендата за проширување, подвлече Маричиќ.

Тој нагласи и дека денешната посета на Лирман, на првиот ден од новоформираната Влада, е од исклучително значење, но претставува и афирмација на германската поддршка за македонската европерспектива и за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…