Стигна германскиот извештај за пожapoт во болницата во Тетово

t

Од Бундескриминалот до германската амбасада во Скопје, па до МВР и до крајната дистанца – Јавното обвинителство. Ова е патот на извештајот на германските експерти во кој тие ги наведоа нивните согледувања за тоа како настанал пожарот во ковид модуларната болница во Тетово. Извештајот пристигнал во петокот, а денеска е даден на судски преведувач, пренесува Алсат.

„…Откако ќе биде преведен, наодите ќе бидат детално анализирани во корелација со другите прибрани докази во предметот, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, рекоа од Обвинителството.

Според инфомации на Алсат извештајот има само седум страници, но преводот нема да биде готов за еден ден. Поради стручната терминологија на форензичарите, може да трае до три дена. Потоа, петте јавни обвинители кои работат на предистрагата, сите докази ќе ги презентираат пред посебна комисија во Обвинителството. Станува збор за дополнителни четворица обвинители од Вишо обвинителство. Дали ќе се отвори истражна постапка за пожарот, ќе решат сите деветмина.

Досега, извештајот на крим – техника на МВР покажа дека пожарот евентуално настанал од прегреан продолжен кабел. Во пожарот ноќта на 8 септември загинаа 14 лица, од кои 12 беа хоспитализирани пациенти со ковид.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…