(Видео) Пожарот се проширил, едно лице пренесено во болница
Доцна вечерва изби пожар во куќа во стариот дел од Тетово, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово. Подоцна пожарот се проширил.
„Пожарникарите дојдоа на време. Немаше никој од сопствениците на трите куќи кои горат. Малку да задоцнеа пожарникарите ќе беше голема катастрофа“, вели пред ТВ21 еден од очевидците.
-Вечерва околу 19 часот и 20 минути, во СВРТетово пријавен е пожар во куќа на улица “Вукашин Симовски” во тетовската населба Колтук, сопственост на 50-годишниот тетовец И.С, кој при тоа задобил повреди и веднаш е пренесен во тетовката Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Пожарот се проширил и на соседната куќа во која подолго време не живеел никој. Екипи на тетовскста Територијална противпожарна единица со неколку возила ангажирани се на локализирање на пожарот, велат од тетовската полиција за Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…