Белорусија воведе нови сaнкции за Македонија

t

Белорусија ја вклучи Македонија на списокот на земји кои подлежат на ембарго за храна, што Минск го воведе како одговор на западните санкции. Документот е објавен на правниот портал на Белорусија.
Владата ја донесе одлуката со цел да обезбеди заштита на националните интереси на Белорусија.

За потсетување, Белорусија на 1 јануари годинава воведе ембарго за увоз на широк спектар на прехранбени производи од земји кои водат непријателска политика кон неа.
Согласно владината уредба „За примена на посебни мерки за одредени видови стоки“ донесена во декември 2021 година, забраната за увоз се однесува на голем број производи од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Македонија, Обединети Кралство, Црна Гора, Швајцарија.
На списокот на храна чиј увоз е забранет се месни производи, кондиторски производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, овошје, зеленчук, живи свињи, животински масти, кондиторски производи и друго. Ембаргото нема да важи за храна за бебиња и други производи. Одредбите важат шест месеци. Во случај на натамошна негативна динамика на врската, листата на забранети производи може да се дополни, се наведува во соопштението.
Кон петтиот пакет санкции на Европската унија против Белорусија, кон крајот на декември минатата година се приклучија и Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, што е директна причина за ваквата реципрочна мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…