Објавено на:

Трамп: Ќе ги помилувaм учесниците во нeредите на Капитол Хил, ако се кандидирам и побeдам

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека доколку се кандидира и победи на следните избори, би можел да ги помилува учесниците во немирите на Капитол Хил во 2021 година.

„Ако се кандидирам и победам, тие луѓе ќе добијат фер третман. А ако тоа вклучува и помилувања, ние исто така ќе даваме помилувања, бидејќи тие луѓе се третираат неправедно“, рече Трамп на митинг во Тексас.

Демонстрантите кршеа прозорци и врати во Конгресот, демолираа канцеларии, нападнаа полицајци, во обид да го спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Џозеф Бајден. Повеќе од 700 луѓе се уапсени и обвинети за федерални злосторства, резултат на досега најголемата истрага на Министерството за правда.

Повеќе од 150 лица се обвинети за напад на полицајци, повеќе од 50 за заговор, а обвинети се и членови на екстремно десничарската организација „Чувари на заклетвата“.

Повеќе од 100 полицајци беа повредени, а пет лица загинаа.

Додека неговите поддржувачи го демолираа Конгресот, Трамп ги игнорираше повиците на неговите соработници да ги повикаат бунтовниците да се разотидат.

„Таму имаше многу љубов. Верувајте ми, имаше многу љубов, пријателство и луѓе кои ја сакаат нашата земја“, изјави Трамп неодамна за „Фокс њуз“.

Поранешниот претседател во неколку наврати навести дека би можел повторно да се кандидира во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…