Москва: Не е точно дека Русија доставила одговор за безбедносните гаранции до Вашингтон

t

Русија се уште не доставила одговор до САД на тема безбедносни гаранции, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко за Спутник.

„Тоа… не е точно“, коментира рускиот дипломат.

Русија се уште подготвува заеднички одговор на САД и НАТО, додаде висок дипломатски извор во интервју за агенцијата.

Тој потврди дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров им испратил порака на западните колеги, вклучително и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, но дека станува збор за разбирање на принципот на неделивост на безбедноста и тоа не е одговорот такви.

Претходно Стејт департментот објави дека Москва одговорила на предлозите поднесени од Вашингтон, но дека не е продуктивно јавно да се преговара, па деталите засега нема да бидат објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…

Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…