Николоски: Владата удоволува на барањата на Бугарија, потребен е двонасочен модел, силни реформи во Македонија и робусен дипломатски притисок

t

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, вели дека има два патишта за решавање на проблемот со Бугарија во однос на почетокот на преговорите, односно како што рече тој едниот е овој во моментот кој што го одбра владата на СДСМ и Ковачевски практично да удоволува на барањата на Бугарија, и вториот е двонасочен кој што е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ а тоа е силни реформи и робусен дипломатски притисок врз Бугарија.

Генерално има два патишта во овој проблем. Едниот е овој кој што го одбра владата, а тоа е да се разговара со Бугарија и практично да се удоволуваат барањата на Бугарија, прашањето е само во кој степен и колку. И вториот е да се избере еден друг модел кој според нас е правилниот, а тоа е двонасочен модел. Првата насока значи силни реформи внатре во Македонија, и втората значи робусен дипломатски притисок врз Бугарија со аргументи на силни реформи внатре во Македонија, нагласи Николоски.

Според Николоски, Бугарија не е единствената држава, туку дека најголемите и најмоќни земји членки имаат резерва кога станува збор за почеток на преговори на Македонија со Европската унија.

Затоа што моето убедување е дека не е Бугарија единствениот проблем, односно дека постојат еве ќе бидам прецизен од најголемите и најмоќни земји членки на ЕУ, само една поддржува почеток на преговори на Македонија со ЕУ безусловно, а сите останати имаат резерви, кажа Николоски.

Клучот на решение на проблемот е еден силен пат на реформи кои што за брзо време може да даде резултати, пред се во делот на борба со организиран криминал и корупција и во делот на поставување на функционален систем на владеење на правото за да се дадат аргументи на еден робусен дипломатски притисок, смета Николоски.

Да не се лажеме ние имаме проблем со најслабата членка на ЕУ, не со најјаката, многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија, отколку што Бугарија и треба на ЕУ, да има гласна волја во главните градови на главните европски држави дека Македонија треба да почне преговори, верувајте дека проблемот ќе се реши за едно претпладне или едно попладне, истакна Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…