Хрватска ја замрзна цената на нафтените деривати
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ кажа денес дека владата повторно ги замрзнува цените на основните горива, но и на нафтата за домаќинство, поради очекуваниот раст на цените на нафтените деривати.
„Имајќи го предвид очекуваниот раст на цените на нафтените деривати одлучивме повторно да донесеме одлука за лимитирање на цените на евросуперот 95 на постоечките 11,37 куни (1,51 евра), значи тоа е цената која е околу две, три недели и таа ќе остане во следните месец дена, и дизелот на 11,29 куни (1,50 евра)“, кажа Пленковиќ.
Истакна дека со тоа владата „покажува дека државата води сметка за своите граѓани и нивниот стандард“.
Одлуката, како што наведе, ќе биде објавена денес и веднаш ќе стапи на сила.
„Според тоа утре ќе биде иста цената на бензинот – обичниот евросупер 95 и обичниот дизел, додека цената за премиум горивата нема да биде лимитирана. Кој има пари и сака да си го дозволи најквалитетното гориво, тоа може да го направи“, заклучи Пленковиќ.
На прашањето зошто горивото во Хрватска е најскапо во опкружувањето, Пленковиќ кажа дека владата во октомври реагирала и го намалила ударот врз граѓаните.
„Цените се формираат на пазарот, не ги одредува владата, тие времиња одамна се зад нас. Сега се одлучивме на чекор кој е добар за граѓаните. Гледаме дека бензинот се троши како и до сега“, кажа хрватскиот премиер, додавајќи дека цените и во соседните земји варираат.
„Ако дистрибутерите на гориво имаат простор да ја спуштат цената, нека ја спуштат, јас сум за“, кажа Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија и Косово водат на Балканот по…
Во првата половина од годинава граѓаните од…
Струмица стана првата општина на Балканот која…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…