Зеленски го покани Џо Бајден во Киев
Претседателот на Украина Владимир Зеленски го покани американскиот претседател Џо Бајден во Киев за да ги намали тензиите, пренесува Агенција Анадолија.
Според соопштението на Претседателството на Украина, во телефонскиот разговор страните се осврнале на безбедносната ситуација околу Украина.
Наведувајќи дека неговата земја ги разбира сите ризици и е подготвена за каков било развој на настаните, Зеленски рече: „Ќе ја запреме секоја тензија против Украина. Главниот град на Украина, Киев и другите градови Харков, Лавов, Днепар и Одеса се безбедни и под добра заштита.“
Зеленски заблагодарувајќи му се на Бајден за непоколебливата поддршка на САД за суверенитетот на Украина рече дека Европа нема да биде безбедна без безбедноста на Украина.
Меѓу другото двајцата лидери разговараа за дипломатските напори за продолжување на мировните преговори, како и за можните санкции против Русија.
Наведувајќи ја активната соработка со САД на полето на одбраната, Зеленски рече: „Ние сè уште не сме членка на НАТО. Затоа, само силна украинска армија е гаранција за безбедноста на нашата земја.“
Поканувајќи го Бајден во Украина, Зеленски нагласи дека доколку наскоро Бајден го посети Киев тоа ќе биде силен сигнал и ќе придонесе за намалување на тензиите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…