За само четири часа казнети 246 пешаци
Сообраќајната полиција вчера во периодот од 9 до 13 часот спровела акциска контрола на пешаци во повеќе места низ земјата, при што на 246 пешаци им биле изречени казни. Од МВР велат дека и во наредните денови ќе се организираат сообраќајни контроли и апелираат до пешаците да не минуваат улица надвор од пешачки премин или додека е црвено светло на семафорот за пешаците, бидејќи ќе бидат казнети.
Казни им се изречени на 195 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, на 27 за преминување на улица на црвено светло за пешаците.
Најмногу казни се изречени на територијата на СВР Велес – 51, на територија на СВР Тетово – 50, потоа 35 казни на територија на СВР Скопје, а казнети се пешаци и во други места,.
За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…