“Голема” акција на МВР: Запленета храна со поминат рок од патничко возило

t

Од МВР информираат дека на 15.02.2022 на крстосница за с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане.

При контролата биле пронајдени поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација. За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: МВР не демантира дека тендерот за…

МВР не демантира дека тендерот за партиски…

МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…

„Во врска со написите на политичката партија…

Лажни полицајци претепале маж во Центар

„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…