Истражниот судија во Загреб определи мерка притвор за министерот Дарко Хорват
Истражниот судија во Загреб денеска на разрешениот хрватски министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Дарко Хорват, му определи притвор од еден месец, поради сомневање дека незаконски распределил субвенции од повеќе милиони евра во 2018 година.
Претходно, премиерот Јосип Пленковиќ го разреши Хорват на негово барање, иако Пленковиќ порача дека му верува на Хорват.
Инаку, адвокатот кој го застапува Хорват изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба, додавајќи дека сите докази доаѓаат од друг случај каде второобвинета е Ана Мандац.
Полицијата, по наредба на обвинителството, заедно со Хорват ги истражува и вицепремиерот Борис Милошевиќ, државниот секретар на Министерството за регионален развој Велимир Зунац, директорката на управата за помошни области Катица Мишковиќ и други функционери.
Обвинителството се сомнева дека по налог на Хорват, неговата помошничка Мандац во табелата со оние лица на кои им се доделуваат грантови додала субјекти кои не ги исполнуваат критериумите.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж се поли со бензин и се…
Маж се поли со бензин и се…
Лоциран е авионот кој се урна во…
Пожарникарите го пронајдоа авионот што денеска се…
Се урна авион во близина на Загреб
Авион се урнал во саботата попладне во…
Сестри од Загреб воделе ЛАНЕЦ НА ПРОСТИТУЦИЈА:…
Пред два дена, Општинското државно обвинителство во…
Авиони над Загреб: Американската амбасада изведува вежба…
Американската амбасада во Загреб соопшти дека денеска…