Мицкоски: Да постигнеме договор со Бугарија, но бараме гаранции од Брисел за јазикот, специфичноста на народот и да се обврзат да не ја блокираат повеќе земјава кон ЕУ

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Дневникот на Сител посочи за да се постигне договор со Бугарија потребни се гаранции од Брисел за јазикот, специфичноста на народот и да се обврзат да не ја блокираат повеќе земјава кон ЕУ.

-Велам ќе почнат притисоците, ќе почнат повторно притисоците врз пратениците, ќе почнат притисоците врз луѓето кои што се внатре, ќе почнат девалвирањето на тој парламент итн. И како што е сценарио видено веќе во минатото. И затоа јас велам јас го прифаќам сиот товар врз себе да ги заштитиме тие луѓе кои што се во Парламентот, да го заштитиме нивното достоинство, да ги видиме оние гаранции од Брисел и после можеме да разговараме за секакви договори, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во овој момент и во иднина како што стојат бројките и расположението на граѓаните таков договор каков што планира да го потпише Ковачевски нема да биде успешно поминат во Парламентот.

-И одбивам да бидам прогласен ако не го поддржам тој договор за анти ЕУ. Прво, на маса сакам да видам гаранции бидејќи и Петков бара, барам и јас гаранции. Да видам гаранции за мајчиниот мој јазик, македонскиот, да видам гаранции за мојот народ македонскиот дека има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи, и конечно трета една гаранција дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да не попречува да станеме земја членка на ЕУ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ понуди заеднички со власта да седнат на иста маса и да изградат заеднички став во врска со проблемот со Бугарија. Потребно е да се заштити идентитетот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…