МВР информира: Приведени двајца дилери од Струмица
На 19.02.2022 во 22.00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Кирил и Методиј“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.И.(46) од село Добрашинци, струмичко и А.Т.(28) од Струмица.
При преглед во возилото „сеат леон“, во кое се превезувале, бил пронајден и одземен кокаин. На 20.02.2022, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.И. во село Добрашинци, при што пронашле и одзеле шприцеви со темно кафеава течност.
Против А.И. била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По документирање на случајот и против А.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…